Украина ја девалвира својата валута гривната за 25 отсто.

Украинската централна банка, повикувајќи се на длабоките економски последици од војната со Русија, ја девалвираше гривната за 25 отсто, пишува Ројтерс. Во соопштението од 21 јули, банката наведува дека новиот официјален курс е 36,5686 за американски долар.  Девалвацијата се случи еден ден откако Украина побара од своите доверители двегодишно замрзнување на плаќањата на нејзините меѓународни обврзници, за да ги насочи своите намалени финансиски ресурси за да се одбрани од Русија.

„Војната трае речиси пет месеци, во текот на кои имаше значителни промени, а во такви услови официјалниот курс на гривната на ниво од 24 февруари повеќе не одговара на реалноста и постепено ја губи улогата на сидро за очекувањата“, се наведува во соопштението.

И во 2015 година гривната загуби од својата вредност и тоа дури до 70 отсто. Тогаш имало случаеви каде продавниците во текот на денот по неколку пати ги менувале цените.