Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Турција.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од осум километри, стотина километри југозападно од Истанбул.

Земјотресот е почувствуван и во Истанбул, како и во Бурса и Измир.