Дел од интервјуто на унгарскиот министер за надворешни рабпти, Петер Сијарто, за APT news, која е дел од Асошиетед прес, една од најголемите новинарски куќи во светот.

Новинар: Се прашувам што мислите за г-ѓа Фон дер Лајен. Се прашувам што мислите за Каја Калас. Тие се на вести.

Сијарто: Кога станува збор за г-ѓа Фон дер Лајен, мислам дека таа ѝ нанесе огромна штета на Европа, како малкумина други. Под нејзиното водство, Европа стана многу понебезбедно место отколку што беше порано, и многу помалку конкурентна отколку што беше. И, знаете, корупцијата што постои во Брисел е објаснување зошто Брисел не го покренува прашањето за корупцијата во Киев.

Само потсетете се на комесарот за правда од нејзината поранешна комисија, г. Рајндерс, кој беше лидер на постапката против Унгарија, а сега е под обвинение за перење пари, како екс комесар за правда. Исто така, поранешната висока претставничка на Европската Унија, г-ѓа Могерини, е уапсена под обвинение за корупција. Генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи исто така е уапсен по обвиненија за корупција.

Значи, начинот на кој г-ѓа Фон дер Лајен ја уништи европската конкурентност, европскиот мир и важната улога на Европа во глобалната политика и глобалната економија е навистина неверојатен. Штетата што ѝ ја нанесе на Европа е огромна.