Шефот на полската дипломатија, Радослав Сикорски, изјави дека Полска и НАТО ќе реагираат доколку руските ракети или авиони повторно влезат во воздушниот простор на Алијансата.
-Имам само едно барање до руската влада – ако друга ракета или авион влезе во нашиот воздушен простор без дозвола, намерно или по грешка, и биде соборен, а остатоците паднат на територијата на НАТО, не доаѓајте да се жалите. Предупредени сте, рече Сикорски, обраќајќи се пред руската делегација за време на состанокот на Советот за безбедност во седиштето на Обединетите нации.
За време на говорот, Сикорски оцени дека Русија не е во состојба да живее во мир со своите соседи и апелираше до Кремљ да не предизвикува нов глобален конфликт, наведе полската агенција ПАП.
-Знаеме дека не ви е грижа за меѓународното право. Вашиот национализам содржи желба за доминација што нема да престане сè додека не сфатите дека ерата на империите е завршена и дека Руската империја нема да биде обновена, нагласи Сикорски, објави Политико.
Состанокот на СБ на ОН беше организиран на барање на Естонија, откако три руски авиони МиГ-31 во петокот наводно влегле во нејзиниот воздушен простор без дозвола и таму се заджаа 12 минути.
фото: Архива