Деведесет и петгодишната Италијанка, Алма Клара Росини, од областа Емилија Романа, оздраве по заразата од корона вирусот и ќе се врати дома.

Според италијанските медиуми, баба Алма од село Фанано, од провинцијата Модена, од 5 март е во болница и станал симбол на лекарите и самата болница. Таа била првата жителка од тоа место која заболела и првата која оздравела без антивирусна терапија, благодарение на силниот организам, објави Газета ди Модена.