Бројот на загинати во синоќешниот земјотрес, со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала регистриран во централниот дел на Филипини, се искачи на 69.

Епицентарот на силниот земјотрес бил во морето, во близина на градот Бого во покраината Себу, околу 512 километри јужно од Манила.

Сè уште не е познат бројот на луѓе заробени под урнатите згради, ноќни клубови и други места. Vо спасувачките мисии учествуваат и војниците, полицајците, цивилни доброволци и кучиња трагачи.

Земјотресот предизвика прекин на електричната енергија, а разурнати се повеќе згради, меѓу кои и црква стара повеќе од сто години.

Владата на Филипини размислува да побара помош од странските влади.

По земјотресот на кратко беше издадено предупредување за појава на цунами, а подоцна беше повлечено.

Повеќе од 600 секундарни потреси се регистрирани по силниот земјотрес, соопшти филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија. Властите предупредуваат на претпазливост поради појава на свлечишта.

Филипинската покраина Цебу е популарна туристичка дестинација, во која живеат околу 4,3 милиони луѓе. Цебу и други покраини во централниот дел на Филипини во петокот беа под налет на тајфунот Буалој, при што загинаа најмалку 27 луѓе.

Фото: принтскрин