Силен земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди Соломонските Острови, јави Американскиот геолошки институт (USGS), а очевидци зборуваат на потрес што предизвикаа паѓање на телевизори и другите објекти.
Издадено е предупредување за цунами за област на околу 300 километри од епицентарот на земјотресот, на 55 километри од Хонијара, главниот град на Соломонските Острови.
Пацифичкиот центар за предупредување од цунами (PTWC), меѓутоа, подоцна објави дека заканата е „значително“ намалена.
-Тоа беше голем потрес, изјави Џој Ниша, рецепционер во хотелот „Херитиџ Парк“ во Хонијара, за француските медиуми, додавајќи дека „некои предмети во хотелот паѓале. Се чини дека сите се добро, но исплашени“.
Новинар на АФП од главниот град пренесе дека тресењето траело околу дваесет секунди. Во некои квартови на градот снема струја, а луѓето бегаа од канцелариите на повисоките места.
УСГС првично објави дека земјотресот бил со јачина од 7,3 степени. Земјотресот се случи на длабочина од 13 километри во 13:03 часот по локално време (03:03 часот по средноевропско време).