Индонезиската агенција за геофизика издаде предупредување за можно цунами поради силниот земјотрес со магнитуда од 7,1 спепен кој денеска го погоди источниот дел на Индонезија.

Нешто подоцна магнитудата на потресот беше намалена на 7 степени.

Индонезија се наоѓа во сеизмички активната зона на Тихиот Океан позната под називот Пацифички огнен прстен, која често ја погодуваат силни земјотреси.

Минатиот септември потрес со јачина од 7,5 степени го погоди островот Сулавеси, по што следуваше цунами  чии бранови достигнуваа висина поголема и од шест метри, а беа уништени или оштетени 70.000 домови и загинаа 2.000 луѓе.