Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран јужно од Панама.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за евентуално повредени луѓе и причинета материјална штета.
Земјотресот бил во море, на 130 километри јужно од малиот полуостров Пунта де Бурика, а не беше издадено предупредување за појава на цунами.