Силен земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во најисточната индонезиска провинција Папу.
Епицентарот на земјотресот бил на 141 километри западно од градот Абепур, на длабочина од 33,6 километри.
Индонезискиот Центар за земјотреси и цунами соопшти дека нема опасност од појава на големи бранови бидејќи земјотресот бил во внатрешноста на земјата, но ги предупреди граѓаните да ги избегнуваат брдата поради евентуално лизгање на земјиштетото.
Нема информации за евентуално настрадани луѓе и причинета материјална штета.
Во Индонезија чести се земјотресите, вулканските ерупции и цунамите бидејќи архипелагот се наоѓа во така наречениот огнен прстен во Пацификот.