Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на пацифичкиот брег на Панама. Локалните власти соопштија дека нема извештаи за жртви или материјална штета.
Епицентарот на земјотресот бил на околу 72 километри јужно од брегот на Панама, на длабочина од 10 километри. Потресот бил почувствуван и во главниот град на Костарика, Сан Хозе.
Комисијата за вонредни состојби во земјата соопшти дека нема информации за причинета штета ниту предупредување за цунами.