Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Перу, соопшти утринава Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Епицентарот бил на 28 километри западно од Лампа на длабочина од 144 километри.

Засега нема информации за жртви и материјална штета.