Претседателката Гордан Сиљановска – Давкова, како врховен командант на вооружените сили, денеска од Охрид посочи дека можеби би требало да се размислува во насока да има се овозможи на младите луѓе кои би сакале на доброволна основа да служат воена обврска.
– Дел од младите луѓе имаат желба како некогаш да бидат дел не само од професионална армија, туку доброволно во вооружените сили, можеби би требало за тоа да поразговараме. Независно која би била одлуката по дускусијата, ова што го видовме ни дава чувство за безбедност, рече претседателката која денеска присуствуваше на показната вежба на припадниците на Армијата од Баталјонот на специјални сили кои изведуваат обука во Кампот за обука на вода на Охридското Езеро.
Нејзиниот став е дека треба да се размислува во таа насока, да се иницира дискусија, да се чујат експертите по прашањето.
– Сме имале ние такво искуство, да, мислам дека треба да се размислува. Има луѓе кои би сакале да служат воена обврска, доброволно, зошто тоа да не го овозможиме. Мислам дека тогаш и односот кон армијата ќе биде попозитивен. Треба да се отвори темата, да се разговара, треба да се слушнат аргументите, да се тестира расположението кај луѓето…, рече Давкова пред медиумите, при што додаде дека ќе има разговори и консултации по прашањето со одговорните, со началникот на Генералштабот.
– Јас сум за цврста и силна граѓанска контрола на Армијата, ќе ги прашам сите, така што слободно може да се размислува на таа тема, рече претседателката.
Сиљановска Давкова посочи на времето од поранешната државна заедница кога отслужувањето воен рок значеше интеракција на најразлични профили луѓе, градење односи на солидарност, разбирање…
– Тоа го видовме тука денеска, колку е потребна таа соработка. Се разбира дека можеби тоа навистина е важно во ова време, рече таа, посочувајќи ја потребата посветеноста, дисциплинираноска да бидат императив во секоја област од професионалниот ангажман.
Сиљановска Давкова: Специјалните сили на Армијата пример што значи елита, прв во својата професија
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска како врховен командант на Армијата, ги посети армиските припадници од Баталјонот на специјални сили кои изведуваат обука во Кампот за обука на вода на Охридското Езеро.
По пречекот со воени почести, претседателката Сиљановска Давкова во придружба на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски беше брифирана за капацитетите на Баталјонот на специјални сили, а потоа имаше можност да се запознае преку презентација со вежтините и подготвеноста на припадниците на единицата за изведување сложени на операции на вода и приказ на боречки вештини.
– Откако видов, сега ми е јасно зошто нашата армија ја ужива највисоката доверба кај граѓаните. Сигурно она што го видов граѓаните го чувствуваат,најчесто од своите блиски…Сум знаела дека нашето учество во бројни мисии е заслужено, знам колку награди добиле овие луѓе, но сега на лице место видов што се можат да направат. Уште еднаш, зборови на немерлива почит, горда сум што сум командантка на овие луѓе, на нашите вооружени сили, посакувам да нема потреба да бидат употребени, но знам дека оваа земја треба да се чувствува безбедно, рече претседателката.
Таа истакна дека посакува во сите области, во владеењето на правото, во развојот на демократијата,но независното судство, во образованието да се достигнат стандардите што ги поседуваат специјалните единици на Армијата.
Нејзините високи оценки за подготвеноста на специјалните сили на Армијата ги преточи во порака до политичарите, за тоа што значи да се биде елита.
– Елитизмот не значи да сте на некоја висока функција, туку да сте прв во својата струка, во професијата, а тоа трбе ада важи и за политиката, рече таа.
На прашање на новинарите Сиљановска Давкова за можноста од враќање на обврска за отслужување воен рок, таа со став дека не би требало да се исклучува можност да им се овозможи на младите луѓе кои би сакале на доброволна основа да служат воена обврска.
– Сме имале такво искуство, мислам дека треба да се размислува. Мислам дека тогаш и односот кон армијата ќе биде попозитивен. Треба да се отвори темата, да се разговара, треба да се слушнат аргументите, да се тестира расположението кај луѓето…, рече претседателката.
Началникот на Генералштабот на АРМ , генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски , изрази задоволство што претседателката на државата и врховниот комендант на оружените сили високо ја оцени подготвенота на оружените сили, посочуваји дека за сите припадници на АРМ тоа ќе биде мотивација и обврска да се продолжи така и во иднина.
Фото: МИА