Гордана Силјановска Давкова вечерва на прес конференција истакна дека нејзина најголема честитка е до граѓаните.
„Искрено си се прашувам неколку саати со што ја заслужив оваа чест, јас знам дека се подготвував, знам дека се посветив на кампањата, знам дека го зборував она што го мислев, а не она што некој очекува да го слушне, наградата е непроценлива за мене“, вели Силјановска Давкова.
Таа додава дека покажале граѓански имунитет, отпорност на протисоците.
„Да повикувате на бојкот е партиски и политички притисок, да одите по домовите со списоци е исто така политички и партиски притисок, значи се одважија македонските граѓани без оглед на етничката, верската социјалната и било каква положба да излезат стамено и стоечки и да го дадат гласот на оној за кој што сакаат“, порача Силјановска Давкова.