Професорката Гордана Силјановска Давкова, доколку биде ибрана за претседател на државата, ќе ја смени досегашната практика на претходниците, во Собранието да се обраќа само еднаш годишно, пред Нова година. Таа планира свое обраќање пред пратениците да има 12 пати годишно.

„Обраќање 12 пати годишно во Собранието не само еднаш, образложување на евентуално вето за да ги слушне јавноста аргументите за мојата одлука, ќе се водам од принципот на меритократија во назначување, да бидат луѓе со биографија, со знаење“, напиша на Фејсбук кандидатката за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова.