Гордана Силјановска Давкова, кандидатот на претседател на Македонија, се огласи на Фејсбук и побара децата да се остават на мир и да не го злоупотребуваат во политичката кампања.
-Како граѓанин и уште повеќе како професор, уште пред да влезам во претседателската трка, знаев дека кампањата ќе биде валкана. Знам дека за политичките страсти понекогаш нема ни врв ни дно, свесна бев дека со стапување на политичката сцена на удар ќе бидам изложена не само јас, туку и моето семејство. Хајката од вчера продолжува со удари врз децата. Ова не е првпат да ми се случи она „да ја дискредитираме Сиљаница, ако треба и со удирање по децата“. Издржав тогаш, ќе издржам и сега – но, нема да паднам ниско да враќам на ист начин. Се натпреваруваме како личности, но и со програми, да ги оставиме децата на мир, и нашите и туѓите, пишува Силјановска Давкова.