ТВ дуел Заев-Мицкоски во вторник

/ 21.03.2019

Зоран Заев и Христијан Мицкоски, лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ќе се соочат во вторник. Тие ќе ги спротистават своите ставови и мислења на Канал 5 телевизија.

Дуелот започнува во 18:30 часот.

Како што објави Канал 5, двајцата политички лидери го потврдиле своето присуство. Според концептот на Канал 5 телевизија, дуелот ќе трае 100 минути, со ограничување на одговорите на прашањата во траење од 2 минути, како и можност за размена на реплики и контрареплики. Двајцата гости ќе добијат прашања на актуелни теми на кои граѓаните очекуваат одговори, а и самите ќе имаат можност да отворат по една тема.


Од истата категорија