Гордана Силјановска-Давкова, Стево Пендаровски, и Блерим Река официјално ќе се тркаат за претседателската фотелја, соопштија од Државната изборна комисија. Од вкупно девет претседателски кандидати, само овие тројца собрале доволно потписи од граганите.

За Пендаровски се потпишале 31,729 , за Силјановска 15, 965 грагани, а Река добил поддршка од 11, 128 лица. Останатите шестмина се далеку под потребниот законски минимум од 10 000. На еден од потенцијалните кандиати, поддршка му дале само тројца граѓани.

Освен ова, Пендаровски и Силјановска имаат поддршка и од најмалку 30 пратеници. Река не се потпрел на гласови на пратеници туку само на граѓаните.

Гугучевска соопшти и дека во тек е пријавувањето за гласање во странство. Одзивот е слаб. До сега до ДИК стигнале само 960 пријави.

Од ДИК соопштија и дека на граѓаните им останува уште три дена да проверат дали ги има во избирачкиот список. Според последните информации, до сега 50 000 лица направиле проверка.