Вечерва во централниот дневник на телевизија Сител гостуваше Гордана Силјановска Давкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“. При своеото гостување посочи дека согласно европските и меѓународните документи не може да се расправа за идентитет, за историја, за јазик, тоа е внатрешна работа на секоја држава.
„Не мислам дека тоа беше директно кажано дека веднаш треба да дојде господинот Борисов да се поклони, тоа е асоцијација бидејќи честопати се споменуваат односите на Германија со Франција, па ако сакате и со Полска, многу слични се овие на Полска со оние на тогашната бугарска власт кон окупираната територија. Веројатно тоа што го направи Вили Бранд, навистина беше голем потег бидјеќи извинувањето отвори пат за помирување. Не верувам дека сега е моментот за тоа и дека господинот Борисов ќе го направи тоа, но верувам во нешто друго. Верувам во европските вредности“, истакна Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова додаде дека европските вредности кажуваат дека се во корелација со оние на Обединетите Нации со Повелбата, врзани со правото за самоопределување, Лисабонскиот договор кои силно го афирмираат почитувањето диверзитетот на членките. Конвенцијата на ЕУ за фундаменталните права исто така инсистира на почитување на различностите. Што значи а и правнички ако се изрази тоа нешто го нарекува заблуда или ерор во работата, во предметот на правата бидејќи согласно европските документи и меѓународните документи не може да се расправа за идентитет, за историја, за јазик, тоа е внатрешна работа на секоја држава.
„Ерор ин персона е значи не јас, туку овие личности што сега разговараат односно преговараат тоа не е разговор, тогаш решија дека Комисии составени од луѓе од науката ќе распрваат за прашањата на научен начин, а политичарите ќе ги послушаат. Но кога имате разговори од капата и закрилата на министерствата за надворешни работи и кога утврдувате рокови во кои мора да се направи како што е сега од страна на Бугарија инаку следи ветото, тогаш прашањето е до кога Балканот вака ќе се однесува“, запраша Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова посочи дека историските факти се неминовни за тоа постојат и документи и слики кои многу повеќе кажуваат.
„ЕУ не може да стимулира или толерира консензус за нешто што е спротивно на нејзините најважни документи и определби. Тогаш самата би го негирала она што го утврдила реков во основните акти на ЕУ“, рече Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова додаде дека поради тоа членките на ЕУ не се вплетуваат во овој спор со Македонија и Бугарија.