Претседателските избори во Македонија ќе бидат одржани на 21 април, а доколку ниту еден кандидат не победи во првиот круг, вториот ќе биде одржан на 5 мај. Зо шестите претседателски избори во оваа земја досега се пријавени тројца кандидати, а српска „Политика“ во наредните денови ќе објави интервју со нив во кои ќе се обиде да ги објасни клучните точки на нивните предизборни програми.
Во денешниот број објавуваме разговор со Гордана Силјановска- Давкова, универзитетска професорка по уставно право, кој влегува во претседателската трка со поддршка на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа што добив поддршка од ВМРО-ДПМНЕ не значи дека ќе се обраќам само на членството на оваа партија. Одлуката да се кандидирам ја донесов поради состојбата на демократијата и концентрацијата на власта во рацете на владејачката коалиција, која нема слух ниту за опозицијата ниту за референдумот”, изјави Силјановска Давкова.
Политика: На што конкретно мислите ?
Силјановска Давкова: Се соочуваме со најтежок облик на заробена држава „заевизам“, бидејќи институциите се во рацете на расипничка, корумпирана и неспособна елита. Поттикната од подршката на ценетите професори, решив да истапам од професорскиот кабинет и она што го знам од теоријата да се обидам да го применам во пракса. Мојата позиција е природно опозициска, бидејќи сегашната власт ја одалечува земјата и од европските интеграции и од демократијата. Провладините структури се обидуваат на грб да ми ги натоварат сите гревови на ВМРО ДПМНЕ. Мојот одговор на таквите инсинуации е дека доаѓам надвор од кругот на таа партија, дека секогаш ги критикувам лошите политики, дека ја критикував и владата на ВМРО, како што беше реформата во образованието на министерот Никола Тодоров. Факт е дека никој не понесе одговорност за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски. Дел од обвинетите за настаните кои се случија на 27 април, амнестирани се во време на промената на Уставот за да се добие двотретинско мнозинство, а овие денови чудесно се уништени и доказите против Сашо Мијалков, кој беше шеф на тајната служба во време додека Груевски беше на власт. Оние кои дојдоа на власт со слоганот: Нема правда нема мир, сега им се подбиваат и на правото и на правдата.
Политика: Вие сте професорка по уставно право. со Преспанскиот договор беше изменет Уставот на земјата во четири члена, а со тоа се смени името на државата. Меѓутоа, партијата што ве поддржува, не го прифаќа овој договор со Грција …
Силјановска Давкова: Ние предупреди дека промената на името не ги решава клучните прашања, а ја отвора Пандорината кутија на внатрешни конфликти и ја оддалечува земјата од реформи. Отворено писмо беше потпишано од седумдесет многу значајни имиња, вклучувајќи го и Милан Кундера. Преспанскиот договор како колатерална штета го има уривањето на уставниот систем. Немам сега простор да ги наведам сите инстанци на кои се прекршени законите, но прекршена е и Виенската конвенција за меѓународните договори. Референдумот беше приказна за себе. Македонија денес има октроиран устав, кој не е демократски општествен договор. Властите не само што се откажа од постоењето на македонското малцинство во соседните земји, но исто така и на македонскиот народ му го поништија правото на самоопределување (остварено во 1944 година). Македонците се „изедначени” со помалите етнички заедници. Атрибутот „македонски” се употребува само во етничка смисла, а никој не знае како се вика нацијата / демосот во оваа земја. Сите овие работи се принципиелни, а не од политичка или партиска природа.
Што планирате да направите во тој поглед, ако бидете избрана за претседателка?
Силјановска Давкова: Планирам да го држам прашањето за името отворено, ќе формирам меѓународна група на експерти, која ќе напише извештај за кршењето на национално и меѓународно право и ќе дејствуваме во согласност со тие наоди. Кога зборуваме за европските интеграции, Владата го загуби компасот: туркајќи го Преспанскиот договор, покажа целосна неспособност да спроведе и една единствена реформа. Македонија назадуваше и не е ни чудо што од Брисел доаѓаат пораки дека сé уште не сме подготвени да ги започнеме преговорите. Поларизацијата на двете најголеми македонски партии ги подели и македонските граѓани, па се стекнува впечаток дека сите клучни одлуки можат да ги донесат само албанските политички партии кои се на власт. Зошто не се обединат Македонците?
Ако уште во 2001 година, па и порано меѓуетничката поделба беше најголем проблем за кохезија на земјата, последните години се поделија Македонците. Јас се обидувам да ги обединам граѓаните околу идејата за владеење на правото и правдата, што е и мое лично мото. Демократијата бара граѓани и мораме да се спротивставиме на власта, која во своите раце има и тајни служби и медиуми, па дури и симпатии на меѓународната заедница како награда за добро завршената работа.
Политика: Како потенцијална претседателка, како гледате на застојот во бриселскиот дијалог меѓу Белград и Приштина и дали тој може да се одрази врз Македонија?
Силјановска Давкова: Косовскиот проблем е отворено прашање, кое го оптоварува не само Белград и Приштина, туку и регионот. ЕУ, за жал, не најде вистинска формула како да оствари вистинска европска перспектива за целиот регион, а тоа да не се сведе на уцени и залажувања. Наративот на македонската влада е контрадикторен: од една страна зборува дека (речиси) сме во НАТО и дека тоа е трајна гаранција за мирот, а од друга страна се уште не плашат со домино ефекти доколку дојде до поделба, односно размена на територии. Нашите земји се дел од Европа, а дали ќе станат дел од ЕУ, тоа зависи и од посветеноста на Брисел и од состојбата внатре во ЕУ. Првиот тест се европските избори во мај.
Политика: Како ги оценувате односите меѓу Србија и Македонија?
Силјановска Давкова: Односите се традиционало добри. За жал, поради внатрешните проблеми нашата поширока јавност посветува малку внимание на случувањата во соседните држави. Ако бидам избрана за престедателка, ќе градам добри односи, не само со ЕУ, туку и со регионалните партнери, се разбира и со Белград.