Денес сакаме да обзнаниме дека заедно со колегата Димитар Апасиев решивме да покренеме Интерпелација за Претседателот на Собранието, господинот Талат Џафери. Има многу причини за интерпелација меѓутоа некои моменти како оној во Европскиот Парламентцврсто не уверија дека сега треба да го сториме тоа.
Во компаративното уставно право се вели дека претседател на Собранието треба да биде човек со највисок изборен легитимитет но и со најдлабок, најширок морален интегритет. Значи, претседателите на собранијата важат за најпочитуваните личности. За луѓе на Парламентот и за луѓе пред се на опозицијата. За разлика од оваа европска пракса, нашиот претседател не е човек на Парламентот туку е човек на Владата, не се однесува како прв меѓу еднаквите туку се однесува како основен господар на Собранието, а ние се чувствуваме како да сме советодавно тело. Ниту е неутрален ниту е правичен ниту е непристрасен. Не го чува собранискиот куќен ред како добар домаќин затоа што немаме ни календар за работа. Ние сме единствен Парламент во Европа, а можеби и во светот што нема календар за работа, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна пратеничката Гордана Силјановска Давкова.
-Кога реков конкретната причина што е, значи сите знаете дека во Европскиот парламент господинот Талат Џафери зборуваше на албански јазик, го заборави Уставот, заборави дека во амандманот 5 на членот 7, во ставот 1 пишува дека на целата територија и во меѓународните односи службен јазик е македоснкиот и неговото кирилско писмо. Што значи ова? Господинот Џафери не отиде во Европскиот Парламент како граѓанинот Џафери туку отиде како Претседател на Собранието и тоа исто така можеби пред да замине требаше да го прочита членот 2, став 2 од Законот за употреба на македоснкиот јазик според кој употребата на македонскиот јзик као службен јазик е право и должност на сите граѓани на Република Македонија, а замислете што значи оваа одредба за Претседател на Собранието. Затоа што тогаш тој е должен да се држи до Уставот и законите. Исто така го прекрши членот6, став 1, алинеја 5 од законот, во која заштитата, унапредувањето и збогатувањето на македонскиот јазик ја опфаќа и неговата афирмација во светот. Можеби се ова најтешките моменти на атак на македоснкиот јазик не само однадвор, од соседството туку и одвнатре. Суспендирајќи го македонскиот јазик како ексклузивен во меѓународната комуникација тој го атакуваше одвнатре. Со ова не само што го повреди Уставот, туку го направи македонскиот народ како и јазикот како еден од најважните идентитетски симболи, со што го изложи на подбив македонскиот народ, а всушност ова е кривично дело кое е санкционирано според членот 179 од Кривичниот законик. Ние во ова тешко време очекуваме разбирање и поддршка од нашите сограѓани, албанци, турци, роми, власи, бошњаци, срби бидејќи нелогично е во 21 век да докажувате како ви настанал јазикот и кога бил кодифициран, заборавајќи на АСНОМ дека со едно од решенијата македоснкиот народен јазик се прогласува за државен, вели Давкова.
Таа додава дека втората причина, не помалку важна е една чудна, бизарна номотехника што се применува извесно време во Собранието, непозната не само во било која национална држава туку непозната ниту во федерациите ниту во меѓународните организации, ниту во Советот на Европа ни во Европскиот Парламент. Имено, ние од неодамна сите материјали вклучувајќи ги и законите ги добиваме во две поглавја. На левата страна на македонски, на десната страна на албански јазик.
-Прво, логично е дека видното поле ни е ограничено и не можеме да го читаме текстот, второ ова е спротивно на Уставот, законот и Деловникот бидејќи во законот за употреба на јазиците и во Деловникот убаво си пишува дека пратениците кои што припаѓаат на заедницата што брои најмалку 20% имаат право сите материјали да ги добиваат и да ги испраќаат на својот јазик но пратениците роми, власи, бошњаци, срби немаат обврски да добиваат материјали на двата јазика. Впрочем, кликнете било каде на интернет и ќе добиете материјал на наглиски, германски, француски ама никаде нема да добиете материјал на некојку јазици. Значи мора да има автентична верзија зошто јас кога гласам за две колони гласам и за верзијата на македонски и верзијата на албансји јазик, а јас учам но не го знам албанскиот јазик. Тоа не е во ред. Ниту има правен основ. Денеска, веројатно ќе се соочиме деновиве со некој нов номотехнички егзибиционизам сега пак нешто ревидирано од типот прво оди текст на македонски па потоа текст на албански, незнам кој е иноваторот на овие решенија но одговорно тврдам дека ниту имаат правен основ ниту постојат некаде на планетава. Третата причина е чуеното гласање со скафандерите. Беше прекршен протоколот и дополнението на протоколот и дека беше доведено во опасност здравјето на сите пратеници и на сите вработени во ова Собрание. Тоа не можело да се случи без првиот човек односно без Претседателот за Собранието, вели Давкова.
Таа додава дека само еден список на причини поради кои одамна требаше да покренеме Интерпелација.
-Ние сме Парламент без календар, значи моите активности јас не ги знам однапред тие зависат од Претседателот за Собранието. Понатаму, не се почитува деловничката одредба дека секој материјал треба да го добиеме 10 дена пред седницата заедно со решението за седницата. Ние сме Парламент на кој што на седниците има по над 6о точки, ние сме Парламент кој што во еден ден има и до пет седници, ние сме Парламент кој не се знае дали ќе заврши во 18 часот оти ако се појави тичка врзана за Макпетрол ќе треба да бдееме до зори небаре некој ни објавил војна. Во овој Парламент дојдоа уредбите со законска сила меѓутоа ние пратениците не ги видовме. Во овој Парламент дојдоа одлуките на Претседателот за вонредна состојба, никогаш не ги видовме. Во овој Парламент неодамна пратениците си донесоа одлука за продолжување на кризната состојба до крајот на годината иако според одредбите на Законот со управување со кризи тоа може да биде само 30 дена, па 30 дена доколку има правен основ за тоа и сигурно ќе бидеме единствената држава која што ќе организира попис и локални избори во кризна состојба. Во овој Парламент не се процесуираат интерпелации, неколку сме поднеле, во овој Парламент иницијативи законски на опозицијата не доаѓаат на дневен ред, во овој Парламент истовремено тече седница на Парламентот и седниците на комисиите па вие треба да ги рушите Њутновите закони, во овој Парламент никој не реагираше кога министрите се најдоа во позиција да бидат истовремено и министри и пратеници, во овој Парламент се случува пародија со пратеничките прашања ај што сме единстен Парламент на кој што еднаш во месецот се поставуваат пратенички прашања туку кога ги следите тие наликуваат на владини прашања не на пратенички прашања, во овој Парламент се обвинува опозицијата за блокирање меѓутоа во овој Парламент некои пратеници не се појавиле ниту еднаш и тоа е навреда на Собранието, а тие пратеници го имаат клучниот збор во решавањето на проблемите надвор од институциите и нив ќе ги видите во Охрид, а не на седница во Скопје. Да заклучам, Собранието е како куќа без прозорци, нема демократски воздух туку има авторитарен систем оптоварен со византиски игри, а првиот човек не персонифицира демократија туку персонифицира апсолутизам, вели Силјановска Давкова.