СИЛЈАНОВСКА: На Балканот се случуваат „цезаризам“, „бонапартизам“, „олигархија“…!

/ 03.03.2019

За политиката мислев дека не е мојот свет, но политиката може да биде украдена од многу мал број на луѓе кои мислат дека е нивна. Таа не може да биде само една страна, а да не биде со критика. За нешта што се наш живот, наш идентитет, во Република Македонија решаваат неколкумина, рече Гордана Силјановска Давкова на 18.Конференција на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

– Можеби имате заблуда во личностите, но политиката ако не е уметност на можноста може да ја загрози не само државноста, туку како што вели еден умен британски лорд, таа може да расипе и да корумпира. Многу моќ е опасна, трагајте по авторитет, не заканувајте се, барајте противтежа, оти тоа ќе доведе до вистински одлуки, истакна таа.

Таа наведе дека името е најсилниот знак. Со овој знак се создадени мали и големи нации.

– Јас не велам дека ние треба да зборуваме за етнос, мислам на сите граѓани, но правото од АСНОМ значело тогаш на ослободување на Македонија. Сите народи на Балканот ова право го оствариле во 19 и 20 век. Лигата на Народите неславно заврши затоа што не водеше сметка за правата на малите нации, рече Силјановска Давкова.

Таа додаде дека ќе најде многу правни причини за оспорување на тоа што се случуваше за промена на името на Македонија за внатрешна употреба.

Освен политичка, таа наведе дека има и женска визија и дека во кампањата повеќе ќе биде опкружена со жени.

Македонија е во женски род не случајно, сите ние сме растеле, сме се радувале со песни со ора, со фолклор, во нив умирале, се мажеле и женеле за Македонија, мечтаеле за Македонија. И политиката е именка од женски род, понекогаш за да ги заведам студентите се обидувам драмски да настапувам велејќи им дека политиката некогаш била уметност на можното, а за бракот пак велам да бидам искрена бидејќи тоа е заедница за што вреди да се живее велам дека е уметност на неможното, ова денеска на 18-тата годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го истакна кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.

-И обично на свадбите кога им подарувам нешто, најчесто книги го пишувам ова и велам дека вреди да се проба и првата и особено втората уметност. Јас бев во политиката едно време и мислев дека тоа не е мојот свет, меѓутоа политиката почна да го креира нашиот живот и кога зборуваме за добри политики тогаш имаме и добар живот, но се случија нешта кои наместо уметност на можното покажаа дека политиката може да биде на некаков начин, земена, украдена и окупирана од мал дел на луѓе, потенцира Силјановска.

Таа додава дека не смее политиката да биде во рацете на неколкумина и не смее таа да биде само еднострана и да нема критика.

-Честопати велам штитејќи ја опозицијата политичарите се штитат себеси, оти демократијата е игра. За жал на Балканот се случуваат работи кои можам да ги наречам „цезаризам“, „бонапартизам“, „олигархија “. Во Република Македонија за нешта кои никој нема право сам да ги решава, во Македонија решаваа неколкумина. Нивните зборови споредени кога биле опозиција и сега, во дилема сум дали се работи за исти луѓе, бидејќи тоа што го ветиле не го исполниле“, вели Силјановска.


Од истата категорија