СИЛЈАНОВСКА НА ДЕБАТАТА: Преспанскиот ќе оди пред Судот во Хаг, трети држави можат да ја одбијат „Северна„

/ 04.04.2019

На првата претседателска дебата на Телма телевизија кандидатката за претседател професорката Силјановска Давкова вели дека ниту еден договор никогаш не е финален, и во името на владеењето на правото и правдата и почитувањето на jus cogens, еден ден со правни аргументи може да се оспорат низа решенија од Преспанскиот договор.

– Без две страни нема, но основен постулат на меѓународното право е симетричност на договарачите, а не асиметричноста која што е белег на Преспанскиот договор.

Таа укажа дека живееме во ера во која зборуваме за обединетите нации, не за обединети држави како рамноправни членки. Темелот на Обединетите нации е Повелбата на Обединетите нации и она што се инсистира во Обединетите нации се jus cogens, тоа е задолжителното меѓународно право во кое што влегува и правото на сомоопределување, немешање во внатрешни работи, тоа се двата основни постулати.

-Во Преспанскиот договор има една јасна одредба, во случај на спор, најпрво се води дијалог меѓу страните, потоа се информира генералниот секретар и на крајот јурисдикцијата е на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

-Трета страна не може да биде обврзана со било каков интерпартес договор, дури и третите страни кои не признале под уставното име, не од љубов туку заради почитување на jus cogens нормите може исто така да одбијат и ќе се најде работата пред некој Меѓународен суд или пред Комитетот за граѓански и политички права, бидејќи има многу начини за иницијатива, вели професорката Силјановска Давкова.


Од истата категорија