СИЛЈАНОВСКА НА КОНВЕНЦИЈАТА: Бојкотот би бил погубен за државата

/ 16.02.2019

Мојот  татко се бореше за Република Македонија а не за Северна, истакна професорката Гордана Силјановска во своето претставување за кандидат за претседател. Според неа, секоја нација има право на самоопределување, а сегашната наша географија е резултат на анексиите.

„Идентитетот е во придавката“, потенцираше Силјановска.

Таа смета дека е лошо да ги бојкотираме изборите и дека овие избори се можност да се делегитимира власта. Тоа би било погубно за државата и ќе отвори можност Талат Џафери да биде на чело на државата. Но, она за што треба да се размислува е да се тргне цензусот во вториот круг на претседателските избори.

Според Силјановска, мора да се намали бројот на министерствата и на заменичките места бидејќи е срамота Македонија да има повеќе министерства од Швајцарија.

Формирање на експертски тим на домашни и на странски професори по меѓународно јавно право, за да го отвориме прашањето за Македонија пред меѓународните институции.

-Сигурна сум дека мојот глас во овие две години допре до луѓе кои можеби никогаш не гласале на избори, биле аполитични, неутрални или до луѓе кои биле членови на некоја партија која е на власт, но сфатија дека има нешто посилно од партијата и од привилигиите дека тоа е Македонија. Ова е вистинскиот момент да се делигитимира власта која создаде хибриден режим во кој Македонија стана скандалозна земја – додаде професорката, која вели дека не верува дека секоја цел може да оправда секое средство. Само македонскиот народ заради Македонија може да биде највисоката цел.


Од истата категорија