Никој на планетава нема Устав кој што забранува да се грижите за некого. Не, тоа е спротивно на рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата. Она што е чудно кај нас е дека ние сами велиме нема да се мешаме во внатрешните работи на другите луѓе и велиме дека немаме територијални претензии. Што значи кога некој посилен од вас плус и со вас во НАТО бара вие во Уставот да му гарантирате дека немате територијални претензии. Тоа значи дека има некоја причина внтаре и тоа е Фројдовска потсвест. Тоа значи дека признава посредно дека има Македонци во Бугарија, дека има Македонци во Грција, иначе кому би му текнало да се меша или да има територијални претензии кон некоја држава ако таму нема некој субјект. Или ако таму нема нешто што е спорно. Далеку од умот дека ние би се мешале во внатрешните работи меѓутоа ние цело време сме објект на мешање во внатрешни работи, истакна Гордана Силјановска Давкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија во централниот дневник на Сител телевизија.
Силјановска Давкова додаде дека мешање значи вие да диктирате, вие да кажувате решенија.
– Многу е непријатно да пратеник на граѓаните да дознае од медиуми дека испратила Бугарија нота, па ние сме одговориле итн. Гледајте што прави Петков, не оди никаде без претходно да разговара. Во парламентот може и да се разговара и со затворени врати. Во парламентот има луѓе со безбедносни сертификати. Но кај нас основното начело на поделбата на власта не се почитува. На нас министерот ни вели па дојдете кај мене да ги видите документите. Има ли такво нешто на планетава? Зар пратеник да оди кај министер? Обратно треба да е, министрите доаѓаат во парламентот за да ги запознаат пратениците и разговараат со нив во рамите на документот што се вика Резолуција. И така се креираат стратегија, излезни решенија, алтернативни решенија, појасни Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова рече дека политиката не е музика.
– Малцинството е реалност. Малцинството во Бугарија постои. Малцинството покренало низа постапки пред судот во Стразбур, нагласи Силјановска Давкова.
Во врска со намалувањето на бројот на пратеници на 90 од сегашните 120, таа истакна:
Ако има Словенија функционален систем, можеме да имаме и ние. Инаку, да во партијата сме разговарале, ми го соопшти ова претседатело. Ние во науката велиме дека обично бројот на пратениците треба да биде кубен корен од бројот на гласачите. Ние имаме голем Парламент. Секоја реформа треба да почнува од себе. Значи штедењето треба да почне од нас. Така што мислам дека сосема во ред е да се намали бројот на пратениците, истакна Гордана Силјановска Давкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија во централниот дневник на Сител телевизија.
Силјановска Давкова додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи и една изборна единица.
– Обично една изборна единица проверив бидејќи неколку пати сум рекла дека има две и ги споменувам Србија и Холандија, ама по проверката видов дека има една изборна единица и плус отворени листи има и Словачка. А, една изборна единица има и Црна Гора. Значи четири држави и тоа мали држави. Кај едната изборна единица идејата е да дојде до изграз националниот интерес. Ние имаме проблем со нацинаоналниот интерес кога го градиме и во поглед на регионалните разлики ама и во поглед на етничките разлики. Но, кај пропоционалниот систем со една изборна единица ќе биде најголема проополционалноста, рече Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова посочи дека во една изборна единица шансите на помалите партии се поголеми.