Преговорите со ЕУ не значат ништо, дури тогаш ќе бидеме во чекалната, вели претседателскиот кандидат Гордана Силјановска-Давкова во емисијата „Само интервју“. Таа вели дека мора да се слушне гласот на експертите за нашата евроинтеграцијата дека ова не води кон решение.
-Тоа е таа психологија и ментална матрица „молчи и слушај“. Мора да се однесуваме како пристојна држава, тогаш ќе не почитуваат. Ама ако велите дека што и да кажете е најдоброто решение бидејќи вие сте Европјани, а ние сме, како што рече Османи, медиокритети, тогаш Фројд е во прашање. Не се сите медиокритети во оваа држава. Точно е дека политиката ја окупирале медиокритети без дигнитет, интегритет и знаење. Па ако уште им кажат дека еден ден можат да бидат нобеловци можете да замислите во каква политичка транс екстаза се наоѓаат – рече Силјановска.