Многу држави имале наметната имиња во колонијализмот и никој не им се извинува, но си ги вратија.Уставот го носат и го менуваат граѓаните.Секоја генерација има право на свој устав, коментира професорката Гордана Силјановска Давкова во емисијата „Само интервју“ за новото уставно име

Таа бара да се престане со лажните тези дека меѓународните договори се над Уставот, туку дека тие се само над законите.

-Јас лично нема да го употребувам. Не го поткопувам договорот, така како што е во институциите, јас не сум Талибанка и вандалка ќе го почитувам тоа секаде. Кога нешто ќе биде бесправно или против правно никнато не може да биде конечно.

На митинг во Пробиштип, таа истакна:

-Се наоѓаме пред портите на четвртиот Илинден каде ќе имаме реформи, европски стандарди, одговорност и безмилосна битка со корупцијата и криминалот, бидејќи ниту една област како образование, здравство, еконoмија, социјалнa заштита, наука и сл. не може да се помести ниту педа напред. Не смееме да дозвилиме македонското ткиво да биде корумпирано и криминализирано, оттаму нашата политичка максима ќе биде „крај на корупцијата и криминалот и негово искоренување”, бидејќи во прашање е системско зло.

Фамилиите на власт се поврзани со корупција и криминал, не е воопшто пријатно да гледате слики каде највисоки функционери ја делат трпезата со секого, односно тоа е доказ дека со премолчување и самите се дел од тоа криминално семејство. Мора да ставиме крај на ова! Не смее претседатели и премиери кои се во изборна трка да сметаат на гласови добиени со помош на криминалците, бидејќи таму нема збор / беса, таму има ветување и исполнување.

Здравјето на целата нација, здравјето на Македонија го врзуваат за болниот живот на ликови кои се длабоко потонати во криминал.

Само кога секој ќе стрепи од криминал и корупција, тогаш ќе има шанса младите да се вратат назад, а Мекедонија како совршен мозаик да зачекори во просперитетната ера, рече Силјановска Давкова.