Гордана СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА, од пратеничката говорница:
„Предлогот говори не само за предложениот, туку и за предлагачот. Не мора да пишува во нашиот Деловник дека е задолжително предлагачот да го образложи својот предлог за да му поверуваме, туку од етички причини треба да го стори, тоа се повикувам на мислењето на Венецијанската Комисија за избор на судии, ама и за избор на уставни судии. Основната забелешка е дека истакнат правник не значи ништо ако зад него нема долга листа на аргументи, објективни. Се повикавте на биографијата, извинете, ама јас врз основа на оваа биографија не можам да бидам убедена дека треба да гласам за кандидатката и еве зошто. Истакнат правник значи врв во професијата кога е во прашање уставен судија. Од биографијата гледаме дека целата активност на кандидатката е врзана за општинскиот суд. Круна на професијата значи да поминете апелација, да поминете Врховен суд меѓутоа овде од ова каде освен што работното искуство има неколку обуки и семинари и има забелешки за учество за изработка за закони, тврдења за познавање на Англиски јазик, Руски, а дури и windows е погрешно напишано, ми создава големи дилеми. Во други услови знаете тоа како оди преку интервју, преку специјална комисија која разговара со кандидатот, јас затоа сум збунета.
Затоа, извинете ама овој предлог не е за Уставен суд. Тоа не го мислам само заради ова сиромашно CV, туку заради она што се случуваше годините во судството, а богами и Кацарска не случајно стана синоним за таканаречено „Кацарска судство“ и не би сакала сега да стане синоним за „Кацарска уставно судство“, бидејќи на уставното судство му се потребни длабоки реформи, му требаат судии со интегритет, со долгогодишно искуство. Судии кои се синоним не само за право туку и за правда!