-Како што имало низ векови Македонци во Северна Грција, во Егејска Македонија има и денеска и месечината ги води секаде каде што се тие и во Пиринска и во Вардарска и во Егејска, значи како што вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кога го прашува премиерот на кој јазик говорат оние кои не се Грци во Северна Грција, а се Македонци, тој се срами или се плаши да го каже тоа, иако сите знаеме дека го зборуваме истиот јазик, истакна кандидатот за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова обраќајќи им се на присутните граѓани на митингот во Делчево.
Таа потенцираше дека не е националист, но дека не може, а да не каже дека не се работи за дијаспора, како што е сега според Уставот.
-Се работи за нивната татковина и кога е во прашање употребата на македонскиот јазик тогаш не е во прашање никакво мешање во внатрешните работи на Грција, затоа што постои рамковна конценција за заштита на правата на малцинствата и постои конценција за регионални и малцински јазици и таа важи за сите малцинства па и за македонското, рече од Делчево, Силјановска Давкова.
Таа од Делчево го осуди денешниот настан во Арачиново со новарите на тв 21 и додаде дека повеќе такви работи во Македонија не смее да се случуваат.