Универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова во изјава за ТВ Сител, потенцира дека Уставот не дозволува воено лице на чело на МВР, но имало преседани.
„Нашиот Устав е напишан во духот на т.н. цивилна контрола на безбедносните слжби и според него со МВР и со МО може да раководи само цивилни лице, а доколку се работи за субјект кој претходно имал фунцкија во полицијата или одбраната, потребно е да поминат најмалку три години за да може да биде министер за внатрешни работи или за одбрана.
Има држави како Турција или Русија, Азербејџан, Таџикистан итн. каде воени лица можат да бидат на чело на одбраната, но она што сакам да го потенецирам е дека ова не е преседан, туку е еден во серијата на преседани. Еве, некогаш беше министер за внатрешни г-динот Силјан Аврамовски и за него не се примени членот 97, истото важеше и за министерот Митко Чавков, а во моментот важи и за заменик министерот за одбрана. По 2017 г. можеше познавачите на правото да реагираат и да укажат дека треба да се почитува Уставот“, истакна Силјановска по повод предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, полковникот Драган Ковачки да биде министер за внатрешни работи во техничката Влада, што наиде на оспорување од СДСМ заради членот 97 од Уставот.