Предвидено е претседателката Силјановска прво да го посети Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце каде ќе има и свое обраќање, а потоа да отпатува и во манастирот Св. Прохор Пчински, каде е предвдиено да се поклони пред спомен плочата на АСНОМ, но и да се сртене со српскиот претседател Александар Вучиќ, информираат од кабинетот на Силјановска за Канал 5. Заедничката посета на Прохор Пчински била договорена во телефонски разговор кој вчера го остварија двајцата претседатели.
Според верскиот аналитичар Бранко Ѓорѓевски за поздравување е што Силјановска ја продолжува праксата воспоставена пред две години од нејзиниот претходник Пендаровски со посета на манастирот во кој биле удрени
апел до СПЦ и тамошните власти за изнаоѓање на решение за трајно и достоинствено одбележување на 2-ри август во манастирот Прохор Пчински.
Каква церемонја по повод одбележување на 121 година од Илинденското востание ќе се одвива на Мечкин камен, каде со владина делегација на 2-ри август ќе отпатува премеирот Мицкоски се уште не е познато. Од Владата велат подготовките течат без да откријат повеќе детали, ниту пак дали освен Крушево, Мицкоски ќе ја продолжи досегашната традиција за посета и на струшко село Ташмаруништа.
И во Скопје денот на Републиката се одбележува со низа настани и свечености, од кои галваната манифестација се одвива на тврдината Кале, каде ќе присуствува и свое обраќање ќе има собранискиот спикер Гаши. Годинава се одбележуваат 80 години од првото заседание АСНОМ и 121 година од Илинденското востание.