Во своето обраќање пред граѓаните на Пробиштип, Гордана Силјановска Давкова истакна дека при средбата со текстилните работнички од штипско им предложила дека ќе застане на штрајк во први редови заедно со нив заради недостатокот од работнилки права кои овие жени не ги уживаат.
-Денеска се сретнав со текстилните работнички од Штип. Тажна приказна како во почетокот во 19 век, како во Англија овците што ги јаделе луѓето. Не се знае работно време, нема никаков одмор, ни дневен, ни неделен, ни месечен и погодете што им предложив: Ако станам претседателка ќе организираме штрајк, јас ќе застанам во првите редови и во обраќањето во парламентот ќе ги набројам проблемите оти срамота е постои меѓународна организација на трудот, а во Македонија никој да не ги заштитува нивните права, да немаат синдикат во 21 век, а ние да ги молиме жените да раѓаат зошто мора да се справиме со таа чума, вели Силјановска.
Таа истакна дека жената раѓа таму каде што државата има разбирање за семејството и мајката, дека срамота е во Уставот да пишува дека сме социјална држава, каде жените и децата уживаат посебна заштита, дека имаат заштита при работа, а при постојно Министерство за труд и социјална политика да не се реагира за вакви проблеми каде што жена е министерка.
Таа вели дека ќе се обиде како претседателка секој ден, на секој чекор да ги увери граѓаните не за да се фали уште со една функција во животот, туку за да решава македонски проблеми.
-Партијата им е поважна од народот, статусот им е поважен од народот, министер значи слуга на народот, а не 102 отсто слуга на премиерот, истакна професорката во Пробиштип.