-Режимот е хибриден, нелиберален, внатре само еден е главен. Ако Британците велат дека премиерскиот систем е како Месечина, нашиот е како Амон Ра. Но, последиците се катастрофални, а само тој тоа не може да го види. Нема крај листата на потреби, дали е лицата со потреби, еколошката катастрофа, а тие туркаат во би-националната држава која може да доведе до кипаризација, катастрофално решение. Треба да се создаде граѓански амбиент, умереност, каде нема да има надгласување, порача денеска Гордана Силјановска Давкова од Радовиш.
„Треба да почнеме ново време, нашата Европска Македонска Република, можеби мала, но рамноправана, квалификувана, достоинствена и почитувана. Верувајте нив никој не ги почитува, но нашиот срам е што преку нив не гледаат нас. Затоа преку сите функции каде што ќе имам ингеренции ќе ги имаме најумните деца на вистинските вредности“, додаде таа.
Силјановска подвлече и дека промената на името ја извршиле без согласност од народот.
-Ќе го побараме правото на самоопределување, тоа не е апстрактно туку има содржина. Тоа е сами да го напишете Уставот, да го одберете знамето името… не под притисок. За жал тие се откажаа од нашите атрибути, без нашиот глас не се овластени ниту се овластени ниту смеат да го прават. Молкот може да биде најгласен. Затоа треба на изборите да ги делегитимизираме и да се извинат и да си заминат, рече таа и додаде:
„Во бездна не однесоа. Промената на името не било промена на идентитетот. Тие ја избришаа историјата на химната, тие ја заборавија суштината на химната, правдината за Македонија, ама тоа ние ќе ги реализираме наскоро. Кршењето на законот за химната, како професор треба да го коментирам. Нему ништо не му значи неинтонирањето на химната. Како ќе биде национална химна ако не се вика македонска химна како ќе биде телевизијата национална ако не е македонска, како ќе биде држабата национална ако не е македонска?“, запраша Силјановска.