„Сведоци сме на постојани обиди за насилно и незаконско преземање на ИВЗ со директно влијание на највисоките претставници на власта“, истакна Годрана Силјановска Давкова за настаните во ИВЗ.
Таа додава:
„Според член 19 на Уставот на РМ Македонската православна црква, Исламската верска заедница и другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред законот!
Ова е последен пример за селективна правда во интерес на политиката на власт. Сe е врзано за владеењето на правото!
Време е за европско интелектуално лидерство кое знае, а не манипулира!“