Силно невреме со интензивни врнежи од дожд денеска ја зафати Крива Паланка.
Пороен дожд, грмотевици, силни електрични празнења и град се истурија над градот и околината, а низ улиците за кратко време се слеааја огромни количини вода, создавајќи река.
Невремето траеше околу петнаесетина минути, по што градот престана да паѓа, но се уште врне дожд со силен интензитет.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Дува слаб до умерен ветерод југоисточен правец. Температурата се движи од 14 / 27 степени.
И утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со обилни врнежи од дожд.
Потоа од петок ќе биде претежно стабилно и потопло, во попладневните часови со ретка појава на краткотраен дожд.