Од силното невреме кое го зафати Скопје, се откорнал кров од зграда во Тафталиџе.
„Од Е-112 добиена пријава дека поради силниот ветер од невремето, откорнат е кров од зграда и постои опасност да падне и да дојде до поголема штета. (Улица Женевска, Тафталиџе- Скопје)“, објави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Како што додаде, за состојбата информирани се Град Скопје и општина Карпош.
Претходно од УХМР најавија променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално за попладневните часови најавено беше дека процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град.