Шпанските медиуми објавија дека Жерар Пике и неговата нова девојка Клара Чиа уживаат на одмор во Дубровник.

Со нив, велат, е и семејството на Пике – родителите Жоан Пике и Монсерат Бернабеу и братот на Жерар, Марко и неговата сопруга Марија.

Магазинот „Лектурас“ на насловната страница ставил фотографија од Жерард и Клара, за која велат дека е направена во Хрватска, на која тој седи на даска, а таа весла.

„Овој одмор е клучен за нив затоа што во последно време се справуваат со бројни предизвици, вклучително и јавните конфликти со поранешната партнерка на Пике, Шакира. Мирното бегство во Хрватска им даде многу потребна пауза и можност да си го вратат духот во друштво на нивните најблиски“, пишува магазинот Хола.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lecturas (@revistalecturas)