Анита Хохенберг, праправнука на австрискиот престолонаследник Франц Фердинанд и Бранислав Принцип, потомок на роднина на Гаврило Принцип, вчера во Австрија симболично се ракуваа на стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна.
Во текот на средбата во Грац, потомците на Хабсбург и Принцип си пружија рака во рамки на настанот наречен „Ракување за мир“, пренесуваат српски медиуми.
– Тоа беше прва нивна средба. И многу емотивна, изјави Игор Петковиќ, австриски уметник, и еден од организаторите на настанот, во кој беа повикани најблиски роднини на двете фамилии кои директно беа вмешани во почетокот на Големата војна.
Гаврило Принцип ги уби австрискиот престолонаследник Франц Фердинанд и неговата сопруга Софија во Сараево на 28 јуни 1914 година.
Еден месец подоцна, Австро-Унгарија и објави војна на Србија, со што започна Првата светска војна, која заврши со распад на Хабзбуршкото царство.
Еден век подоцна, Антита Хохенберг управува со фамилијарниот дворец Арстетен, каде што се погребани Франц Фердинанд и Софија, а Бранислав Принцип во Србија се занимава со филм.