Во бројните реакции по објавата на Шеќеринска, во врска со нејзината фотографија со амблемот на УЧК, е и таа на скопјанцот Симеон Лихвинцев, кој ја праша:
„Па нели за една таква “иконографија” ја разрешивте Мизрахи од МТСП? Каде ви се еднаквите аршини?
Најмалку што можеш да направиш е да си поднесеш морална оставка, доколку знаеш што е морал и доколку го имаш.“
Веројатно Лихвинецев не мисли дека амблемот на УЧК и името „Република Македонија“ се едно исто, но од друга страна, поентата е таа – за СДСМ очигледно пострашно е да застанеш пред табла со името Република Македонија, отколку пред амблемот на УЧК.
Оттука, ако побитно е од иконографијата е служењето на народот, тогаш зошто ја разрешивте Мизрахи? Како тоа, не ви смета амблемот на УЧК, а ви пречи табла со името Република Македонија?
Настрана што оваа теза на Шеќеринска има проблем: дали тоа значи дека не е спорно да се сликате пред амблемот со ИСИС, амблемот на фашистичка Германија итн.?
Претходно, Шеќеринска на својот профил објави:
„Дејствијата од 2001 се далеку зад нас. Нашето општество ја надмина воената криза на демократски и траен начин, за што сведочиме денес, 19 години подоцна, кога сме членка на НАТО.
Во 2020 година најважно е дали политичарите им служат на граѓаните. Иконографиите не се репер за добро управување, служењето на граѓаните е репер.“