Најавена е вакцинација уште од почетокот на годинава, сега е април, а се уште во Македонија се прават симулации на масовна вакцинација, додека во земјите од соседството и пошироко во светот масовна вакцинација е почната одамна.
Во СЦ „Борис Трајковски“ денеска ќе биде изведена симулација за вакцинација против Ковид 19.
На симулацијата ќе присуствува министерот за здравство Венко Филипче.
Предвидено е, вакцинацијата со 20.000 руски вакцини „Спутник“ што ги донира Србија, да почне во понеделник во спортскиот центар „Борис Трајковски“ на 48 пункта. Планот е дневно да се вакцинираат по 5 илјади лица од МВР, АРМ, медиумски работници, судовите, возачите на автобуси, пожарникарите воспитувачки во градинките и вработените на патарините.
Согласно планот, ќе се работи во две смени од 08:00 до 20:00 часот.