Пред Клиничкиот центар во Скопје вечерва за време на полицискиот час се случило убиство.
На убиството му претходела семејна расправија која кулминирала кога синот извадил нож и го прободел својот 55-годишен татко.
Педесет и пет годишниот маж се обидел да побара помош и тргнал кон Клиничкиот центар, но поради обилното крварење не успеал да стигне и да добие помош.
Неофицијално и таткото и синот живееле во непосредна близина на Клиничкиот центар, а според истите, неофицијални информации тие подолг период имале меѓусебни расправии кои често ескалирале со насилство.
Убиецот веднап бил приведен.ж
На лице место биле повеќе ТВ екипи меѓу кои и на ТВ Клан.