Египетските безбедносни сили денеска соопштија дека убиле 14 екстремисти и заплениле еден тон експлозив за време на операцијата спроведена во северниот дел на Синајскиот Полуостров.
Судири избиле со исламски екстремисти во пустинските области во близина на градот ел-Ариш.
Според неименувани претставници на египетските безбедносни сили, екстремистите планирале да постават бомби покрај пат во областите меѓу ел-Ариш и градовите Рафах и Шеик Зувеид.