Џихадисти поврзани со Ал каеда вчера убија 10, а ранија најмалку 25 припадници на мировната мисија на ОН, соопштија од Обединетите нации.

Како што е наведено, станува збор за еден од најкрвавите напади на припадници на мировната мисија на ОН во последнитенеколку месеци, пренесува АП.

Сите припадници од мировната мисија на ОН, кои се убиени во нападот врз нивниот камп во село на истокот од Мали, се од Чад, се наведува во соопштението од портпаролот на Генералниот секретар на ОН.

ОН остро го осудија нападот, истакнувајќи дека може да се третира и како воено злосторство.

Во соопштението се додава дека мировниците на ОН пружиле силен одговор и убиле неколкумина од напаѓачите.

Мировната мисија во Мали е отпочната во 2013 година, има 15.000 припадници и спаѓа во редот на мисии на ОН со најмногу настрадани. Безбедноста во оваа западноафриканска земја ја загрозуваат бројни екстремистички групи поврзани со Ал каеда и Исламска држава.