Некои од нас, кои беа во средното полициско училиште, се сеќаваат на Др. Ѓоко Този, тогашен директор на ЦОКБОС. Тој имаше една навика, многупати да дојде на ручек во кујната и да руча заедно со нас. Тогаш како деца, не ни беше важно, но гледајќи од денешна преспектива, човекот беше навистина човек и со таа негова навика ни даваше на значење, а и тоа дека никој не е повеќе од некој туку дека сме сите исти како луѓе, не дели само искуството и образованието, се вели во соопштението на Синдикатот на полицијата.
Гледајќи што денес се случува со нашиот најголем старешина(читај Министер) и неговите единствени привезоци, таа теорија на Др. Този изгледа одамна не важи. Гледајќи можност за тендер, а со тоа и да спречат исплата на средствата за храна за ноќна смена, си измислија правилник со кој одредуваат некаква достава на исхрана. Ама каква? Најверојатно не е за луѓе бидејќи нормален човек не јаде грав во 3 часот наутро и тоа од конзерва, па и на улица. Не јаде леб од пред 15 дена. А уште помалку храна за да се затруе. А што е и многу интересно, полицаецот треба да си носи прибор за јадење и плинско, небаре е некаде на преживување, а не во урбана средина. Но да го прашаме прво Министерот: Дали министре и вие би пробале од таа храна, дали и вие би поделиле оброк со нас, на улица во 3 наутро? Да знаете само колку е вкусен оброкот во друштво на улица, бидејќи со правилник, со телеграми ни забранивте да јадеме како луѓе. Дали министре и вие со вашиот привезок имате конзерва грав за јадење во вашето бесплатно мени во МВР? ИЛИ ЛЕБ ОД ПРЕД 15 ДЕНА? ИЛИ ПАШТЕТА СО СОМНИТЕЛНО ПОТЕКЛО И ИЗМИНАТ РОК? ИЛИ ПАК ШИШЕ ВОДА КОЕ ЌЕ ГО ДОБИЕТЕ САМО АКО ГО СОБЕРЕ ВО КАМИОНОТ ЗА ПРЕВОЗ??? А можеби и ручате во влада каде има зготвена храна и мени поефтино и од приготвено дома??? Реалноста е сурова во овој случај и се покажува на тоталната негрижа Ваша и полтронството на МПС со самото тоа што одобриле и се потпишале да се донесе овој правилник. А замислете ја и дискриминацијата што колегите муслимани ни “лифкаат” на гравот со колбас додека јадат само пилешки паштети. Како за нив да нема грав со говедски колбас, ама тој изгледа е малку поскап, па паштетата е идеално решение. Нека е и правилник Министре, ама барем овој пат да не третиравте како луѓе а не како стока, барем храна да ни се поделеше што барем ќе може да се јаде и нема да не затруе, истакнаа од СПМ.
И ова е можеби премногу што бараме, нели? Нити ви било нити ќе ви биде гајле за твојата ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА. Затоа што таа е само во главите Ваши, ЈА НЕМА ВО РЕАЛНОСТА. Ова е уште еден доказ за тоа!!! Порачаа од таму.