Повисока минимална плата за 2.400 денари ќе земат околу 27 илјади работници. Минималацот е утвреден на 22.567 денари. Со тоа, се усогласуваат и растат платите и на околу 35 илјади вработени во секторите, каде има колективни договори и чиј пораст е врзан со растот на минималецот, објави ТВ Сител.

Сепак, од Синдикатот не се задоволни со ваквиот процент, затоа ќе бараат по формирањето на новата влада, во првите 100 дена, да има ново зголемување на минималецот. Велат дека трошоците за живот постојано растат, а 2 минимални плати не стигаат ни за основни потреби на едно семејство. Нивното барање ќе биде околу 450 евра  минималец.

– Не сме задоволни со ваквиот пораст, имајќи в предвид дека трошоците за живот за само еден месец се зголемени за 1,500 денари. Сека, со Отворен Балкан и олеснетите услови за работа во регионот, ако сакаме да ги задржиме работниците, новата влада мора уште во првите 100 дена да ја зголеми минимланата плата и истатат да надмине над 450 евра, изјави Слободан Трендафилов, ССМ

И од Конфедерацијата на слободни синдикати не се задоволни со ваквиот пораст. Велат дека инфлацијата им го изеде покачувањето, па зголемувањето нема ни да се почуствува.

– Цените постојано растат, така што со порастот на инфлацијата, ваквото зголемување ништо не значи, вели Благоја Ралповски, КСС

Инаку, според пресметките на ССМ, кај нас се исплаќа меѓу најнискиот минималец во споредба со регионот. Само во Босна трудот помалку се вреднува. Таму минималната плата е околу 313 евра. Од Евростат пак, објавија дека нашата земја е на дното по минимална плата ( 367 евра). Највисок минималец се исплаќа во Словенија – над 1,200 евра,  во Хрватска 840, Црна Гора над 500, Албанија 385 евра. За задоволување на месечните потреби пак, на 4 члено семесјтво, според Синдикатот, потребни му се скоро 1.000 евра.