Доручек:
– 4 ѓевреци – 80 денари
– 1 јогурт 1л. 65 денари

Ручек
– замрзнат грашок 67 денари
-половина кг. свинско 180 денари

Вечера

8 јајца – 80 денари

две утрински ужини за децата – кроасани 66 денари

две попладневни ужини за децата – две парчиња овошје 30 денари

две салати од домати и краставици 80 денари

1 леб 50 денари

Еве се обидувме да составиме една минимална (војничка) листа на дневните потреби за храна за едно четирчлено семејство. Сметката ни испадна над 700 денари.

Во оваа сметка не се вклучени маслото за готвење, десерти за децата, струјата за готвење (иако струјата веројатно влегува во ставката „домување“), кафе, чај, како што е е земене в предвид фактот дека секако нема 30 дена во месецот да доручкувате ѓевреци (како еден од нсјефтините начини да хо поминете утрото) и сл.

Рибата е исклучена (кг пастрмка е 325 денари), јагнешкото и телешкото месо исто, кашкавал може само да побарате од продавачот да пробате па да кажете дека горчи (600 денари), а веќе е време и кога пилето треба да го двоите за да стигне за два дена.

Најисплатлива варијанта се посен ориз, леќа, грав, макарони и сето тоа три пати на ден. Се разбира доколку не ви достигнуваат пароте, сегаш можете да сметате на 769 денари што ви се предвидени за лекување.

И после не било време за избори. Да, во Демир Хисар.