Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук синоќа напиша дека бил запален автомобилот на неговиот брат.
-Пред неколку месеци по политичка нарачка упаднаа мафијашки во мојот дом, а вечерва во периодот околу 21:15/20 часот, во семејниот дом на брат ми беше запален неговиот автомобил.
Ова е со намера предизвикано од човечка рака бидејќи до автомобилот беше пронајдено шише со бензин.
Ја испраскале целата кола, го фрлиле шишето запалиле и избегале.
Ако ова е некаква порака за мене или моето семејство, уште веднаш да им порачам дека јас не им се плашам.
Не се плашиме затоа што немаме зошто.
Мојот брат, моето семејство важат за мирни и скромни луѓе, немаат лош збор со никого ниту пак имаат непријатели, затоа ова не може да се разбере никако поинаку освен обид за заплашување преку испраќање ваква кукавичка порака.
Ама напротив, ниту ме заплашивте ниту ова ќе остане така.
Ќе одиме до крај и ќе видиме каков проблем има и кој има.
Со ова ме правите поодлучен и посилен уште повеќе да се борам притв оваа криминална власт да си замине наскоро.
Правда ќе има, ова не се заборава! Бидете живи и здрави, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Интересно, во својот денешен билтен на настани МВР не открива дека вчера во Струга возилото на братот на пратеникот Јован Јаулевски од ВМРО-ДПМНЕ било запалено со шише со бензин.
Шишето се гледа на видеото и фотографиите што Јаулевски го објави по пожарот.