Филип АНГЕЛОВ, син на Горан АНГЕЛОВ затворен за „27 април“
Повеќе ви припаѓа на вас, граѓаните на Македонија, отколку на нас дома.
Последниве години повеќе го гледаме на вашите профилни слики, на вашите статуси, на вашите сториња, отколку што го гледаме ние, домашните.
Да не ме разберете погрешно, немам против, мило ни е што народот го сака и го цени неговото дело. Долго време уште пред да го затворат тој беше оддалечен од нас, како да знаеше што и се спрема на Македонија.
Деновите ги поминуваше загрижен на негов начин, во муабети со пријателите и другарите, во препирки и кавги со сите оние кои не можеш да ги разубедиш дека на Македонија не и се пишува добро со доаѓањето на новата власт. Сакаше да биде напред, да го чујат како вика и опоменува за црните облаци кои се над Македонија.
Беше гласен и знаеше како да допре до народот, си имаше тој негов начин.
Затоа и кога дојде време ваа чума од власт да ја раководи земјата, него го затворија. Им сметаше секој еден што допира до народот. Им сметаше секој еден кој беше спремен да излезе напред и да стои исправен во одбраната на Македонија.
Ќе фане 4 години како е во затвор. Скоро 4 години мајка ми бел ден нема видено. За неа еден ден е вечност без него, не па 4 години. Ама трпи, заради нас, а најмногу заради сестра ми, таа е многу поврзана по татко ми. Лесно се крши кога ќе го споменеме дома, и фали.
Понекогаш се прашувам од каде и е на мајка ми силата, од каде сила за да се справува со овај нејзин тежок живот.
Вели, немајте гајле, важно е да сме живи и здрави, и се ќе помине.
Знам дека само сака да не смири, утеха да ни даде, ја осеќам. Нема похрабра жена на цел свет, да ми верувате. Низ многу поминува.
На крајот од денот, таа само го почитува аманетот кој и го остави татко ми во една од нејзините посети во затворот.
– Имаш деца за ваѓање на пат, нема поважно од тоа.
Лути сме дома на сите неправди, на тоа што го осудија за нешто што нема направено. Им сметаше, сакаа таквиите да ги затворат за да не им сметаат додека ја парчат Македонија. Ги осудија како терористи, за подолго да се внатре, за секој случај да не излезат и да не им засметаат на оние што ја крадат и парчат Македонија.
Во недела да дојдете сите на протестот пред влада.
Ова е можеби најважниот момент во нивните животи откако се во затвор. За нив немало посветол момент од овај.
Знам дека за татко ми нема, ова му е нешто најважно. Поврзан е со луѓето, со народот и со земјата.
Многу му значат.
Затоа и ние сме сами дома, без него.
Затоа што ги избра Македонија и борбата за најзините права пред сите нас дома.
Се гледаме во недела во 11 пред влада, сакам да ве чујам и видам како им испраќате порака за тоа дека не се сами.
Се гледаме!