Турскиот претседателски авион превезе 16 бебиња од Кахраманмарас кои го преживеаја земјотресот, јавува Anadolu Agency.
За жал, по разорниот земјотрес останаа без родители. Нивниот идентитет не е познат, а се работи за бебиња на возраст до една година.
Откако авионот слетал на аеродромот Есенбога, бебињата биле прифатени од претставници на Министерството за семејство и социјална заштита и префрлени во градската болница во Етлик.
Страшни земјотреси со јачина од 7,8 и 7,5 степени според Рихтеровата скала ги погодија во понеделникот Турција и Сирија. Во нив загинаа повеќе од 16.000 луѓе, а над 62.000 се повредени. Спасувачите се уште очајнички трагаат по преживеани.