Израелски воени авиони извршија воздушни напади во близина на Дамаск, при што се повредени осум војници, објавија сириските медиуми.
Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, соопшти дека цел на нападите биле воени позиции и борци кои имаат поддршка од Иран, при што загинале 12 лица, како и воената база Мазех во Дамаск.
Медиумите наведуваат дека сириската противвоздушна одбрана пресретнала и соборила повеќе ракети во предградието на главниот град и во јужниот дел од земјата, пред тие да ги погодат своите мети.
Државната агенција САНА, повикувајќи се на неименуван воен претставник, соопшти дека во воздушните напади се повредени осум сириски војници, а причинета е и материјална штета.
Засега нема никаков коментар од страна на Израел во врска со нападот.